Над четири милиони државни службеници во Индонезија ќе бидат вклучени во кампањата за подобрување на ефикасноста и намалувањето на присутната корупција, која во оваа 265 милионска држава се уште е на ниво на секојдневие. Акцијата денеска ја објави Агенцијата за социјална сигурност на работниците, а ќе ја раководи министерот-координатор за социјални работи и култура Пуан Махарани.
Кампањата наречена „ментална револуција’’ е идеја на сегашниот претседател Јоко Видодо, кој на сограѓаните и во предизборната кампања вети дека за време на неговиот петгодишен мандат Индонезија ќе го смени имиџот и реалноста за сликата на државните службеници чие „традиционално’ однесување е и една од причините странските инвеститори да се откажуваат од вложување во неговата држава.