Најстудено утрово во Берово минус 4 степени

Од:

Во повеќе во Македонија утрово се измерени температури под нулата. УХМР регистрира минус 4 степени во Берово, Лазарополе, Маврово, минус 3 во Крива Паланка, минус 2 во Прилеп, Претор, Битола и Крушево и минус еден во Тетово, Куманово, Охрид и Дебар. Нула е измерена во Штип, Виница, Струмица, Скопје, Пожар и Пожаране, 1 Ѓуриште до 4 степени во Гевгелија.

Утрово времето во Македонија е сончево, сама на крајниот запад со мала до умерена облачност. Понекаде дува слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена  облачност и ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата до 15 степени.

Утре ќе има зголемена облачност насекаде, со услови за слаб дожд во западните делови. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура и со позитивни утрински температури. До крајот на неделата ќе дува не многу изразен претежно јужен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски