ВИДЕО: Уставните судии имаат газда на кој му го олеснуваат изборниот криминал

Од:

Мнозинството од петтмината уставни судии се една петчлена банда која работи не за одбрана на еднаковста како врвно право, туку по налог на газдата. Илузорно е да се анализираат нивните одлуки од правен и стручен аспект, зашто тие така не одлучуваат, туку според наредбата од владејачјата партија,односно на Груевски, оцени професорот Љубомир Фрчкоски на денешната дебата „10 години неправда“ со осврт на Уставниот Суд и уставниот поредок во РМ, што ја организираше Хелсиншкиот комитет за човекови права, како дел од граѓанската акција „Заслужуваме подобро“.

– Мнозинството на уставните судии се класична петчлена банда, како што имаа Кинезите во времето на културната револуција. Намерно се бирани од таков човечки материјал кој служи и илузорно е да ги анализирате нивните одлуки. Некои од нив се срамно неписмени, вели професорот Фрчкоски.

Според него погрешна е стратегијата на издвоени мислења на судиите кои не се согласиле со мнозинството. Тие не трба да стануваат дел од играта на постојано повторување, туку треба да се исклучат од процедурата на одлучување и да дадат издвоено мислење надвор од Судот, на прес конференција. Фрчковски смета дека обесмислувањето на Уставниот суд кој не фунционира според законите и Уставот, туку во спрега со власта, треба да се изврши со протести на граѓаните, мислењата на експертската јавност и на меѓународната заедница.

– Обесмислувањето на Уставниот суд е однос кон неговиот газда, не кон судиите. Тие имаат газда, па немојте да губите време со нив, она е најнизок човечки материјал. На нивниот газда мора да направите да му ја направите употребата на судот – политички скапо, рече Фрчкоски.

Правото на еднаквост е фундаментално право, а тоа и според извештаите на ЕУ и според извештаи на некои организации во ЕК системски се крши од институциите на системот во подолг период.

– Во ситуација на утврдено кога кај нас е утврдено дека земјата има проблем со системско кршење на правото на еднаквост, што значи Судот и сите други судови во земјата се обврзани во заштита на тоа право, дополнително скрупулно да се однесуваат. А Уставниот суд, во ситуација на утврдено системско кршење на правото – еден човек еден глас, каде што имаме формирање на злосторничко здружение и организирано крадење на изборите, преку кршење на тоа право на еднаквост, се формираат специјални, паралелни институции за испитување токму за кршењето на тоа право, а Уставниот суд се однесува сосема спротивно. Тој преку пресудата, ја засилува праксата на неказнивост на кршењето на тоа право и дополнително ја окаражува таа пракса. Дополнително а олеснува кршењето на правото кое е третирано како структурален проблем во Македонија, рече Фрчкоски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска