Индонезија не ја признава кинеската „традиционална рибарска зона“

Од:

Министерката за надворешни работи на Индонезија Ретно Марсуди денеска изјави дека е неприфатливо кинеското толкување за минатонеделниот инцидент, кога три поголеми кинески и три помали индонезиски патролни бродови имаа „блиска средба“.

При тоа за малку беше избегнат потежок инцидент, кога патролните бродови на крајбрежната стража на Индонезија сакале да приведат и запленат кинески брод фатен во илегален риболов, но по појавувањето на поголемите кинески воени бродови, тие дозволиле рибарскиот брод да замине.

Министерката Марсуди соопшти дека владата на Индонезија не го прифатила вербалното објаснување на кинескиот амбасадор во Џакарта, кој рекол дека кинескиот рибарски брод ловел во водите на Јужното Кинеско Море, кое Кина го смета за своја територија и „традиционална кинеска рибарска зона’’.

Џакарта очекува објаснување и извинување од официјален Пекинг.

Кина и Индонезија досега, барем јавно, немаат спор околу сувереноста на Јужното Кинеско Море, над кое Кина прогласи целосен сувренитет, а на што се спротставуваат Филипините, Малезија, Брунеи, Тајван и Виетнам.

Во спорот, кој се смета засериозен глобален ризик по мирот од лани есента, заедно со филипинските бродови, се вмешаа и САД, чии воени бродови и авиони го докажуваат „правото на слободна пловидба и летови“ во реонот на Јужното Кинеско Море.

Индонезија, во рамките на АСЕАН, ја презеде посредничката улога за мирно решавање на споровите поврзани со сувереноста над Јужното Кинеско Море, кое е богатото со риба и резерви на нафта и гас.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници