• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Најстудено во Маврово, од викендов затоплување

by А1он25/03/2016 - 08:3425/03/2016 - 10:2359
Share0

Во Маврово утрово во 7 часот е измерена најниска температура во Македонија, минус четири степени, и највисока снежна покривка од шест сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Добивај вести на вибер

Минимални температури утрово се измерени и во Лазарополе и Крушево (-3), во Пожар -2  и -1 во Пожаране, а нула степени на мерните станици во Ѓуриште, Претор, Тополчани, Охрид и Крива Паланка.

Во Берово и Битола температурата во 7 чсот била еден степен, 2 степена се измерени во Прилеп, Тетово и Дебар, три во Куманово, Виница, Скопје (на мерна станица Петровец), четири во Струмица и Штип, пет степени во Скопје (на мерна станица Зајчев Рид) и во Демир Капија, шест степени во Дојран и осум во Гевгелија.

Покрај Маврово, снежна покривка утрово има и во Лазарополе од пет сантиметри, Крушево два и Претор еден сантиметар.

Во изминатите 24 часа, во Претор, Маврово и Охрид наврнало најмногу дожд (11 литри на метар квадратен воден талог), 10 литри во Лазарополе, шест во Крушево,  пет во Тополчани и Битола, четири во Пожаране и Берово, три литри во Прилеп, два во Струмица и Тетово и по еден литар на метар квадратен воден талог се измерени во Демир Капија и Крива Паланка.

УХМР информира дека во северните делови е сончево со умерена облачност, а во јужните подрачја се уште е облачно. Во југозападните делови има локален снег со слаб интензитет. Дува слаб до умерен северен ветер.

Во текот на денов времето ќе биде променливо облачно и посвежо, во југозападните делови со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 5 до 12 степени.

Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно и посвежо со умерен повремено засилен северен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 10 степни.

За време на викендот и во почетокот на работната седмица ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен