Панета за нападот врз американскиот конзулат во Либија

Од:

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави вчера во Конгресот дека војската немала вооружени летала во Либија, кои би помогнале во одбрана на американскиот конзулат на 11 септември, каде што беше убиен амбасадор Крис Стивенс и уште тројца други Американци.

Во писмото до републиканскиот сенатор Џон Мекејн, Панета наведе дека војската можела да испрати вооружени беспилотни летала или борбени авиони AC-130 за да се спречи нападот.

Шефот на Пентагон рече дека тие авиони не биле во близина на Бенгази. Панета инсистира на тоа дека американската војска направила се да одговори на нападот и не штедела напори за да се спасат четирите животи.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

САД: Четири лица се повредени кога мал авион паднал во двор на куќа во Денвер

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени