Наумов: Зголемени каматните стапки на аукциите на државните записи

Од:

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов го критикува Министерството за финансии дека за една година енормно ги зголемило каматните стапки на државните записи.

Според Наумов, на денешната аукција на државни хартии од вредност, со која се запишаа 93,6 милиони евра, каматните стапки на 6-месечните и 12-месечните записи се зголемени за 84 проценти и 53 проценти соодветно.

„Министерството за финансии во услови кога каматните стапки во цела Европа паѓаат, вклучително и референтната каматна стапка на Европската централна банка која е на историско најниско ниво од 0.05%, за само 1 една година енормно ги зголеми каматните стапки на државните записи. На денешната аукција на државни хартии од вредност, со која се запишаа 93.6 милиони евра, каматните стапки на 6-месечните и 12-месечните записи се зголемени за 84% и 53% соодветно.

Ако 6-месечните записи кои доспеваат за враќање оваа недела пред 6 месеци беа запишани со каматна стапка од 1.25%, денес за истите  да бидат вратени се запишани нови со каматна стапка од 2.3%. Слично е и кај 12-месечните записи. Ако пред една година каматната стапка изнесувала 1.7%, денес за истите да бидат вратени, Министерството за финансии запиша нови записи со рок на враќање од една година, ама сега со каматна стапка од 2.6%.

Сето ова е доказ повеќе дека оваа власт не втурнува во уште подлабоко должничко ропство со континуирано зголемување на јавниот долг и зголемување на каматните стапки.

Вишиот управен суд со својата небулозна одлука овозможи дополнително време за нови, поскапи задолжувања на грбот на сите граѓани“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик министер Кире Наумов, за денешната аукција на државни хартии од вредност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација