Буџетот за 2013 веќе е во собраниска процедура.
Тежината на државната каса и начинот на трошењето на парите наиде на остра осуда од опозициската ДПА. Нивната острица беше упатена кон ДУИ, кои дозволуваат парите да се трошат само за проекти од интерес на Македонците.
Беким Фазлиу ги покажа сите буџети и ребаланси од 2008 година до најновиот, период кога ДУИ е во колаиција со ВМРО-ДПМНЕ.
„Секој лист на овие буџети ги дискриминира Албанците. Овие листови и парите во него се трудот и потта на Албанците, одвојување од лебот за да го наполнат овој буџет. ДУИ и Али Ахмети ќе продолжат да им се исмејуваат на Албанците и во 2013 година, со „монструми“ и бранители, со споменици на животни и со оспорувани херои, со учебници со навредлива содржина и деца избркани од наставниот процес. Полициски акции, убиства и апсења и се ова доаѓа како последица на феноменот на лудилото на Али Ахмети, кој му се обраќа на воздухот и никако не ја слуша маката на неговиот народ, осиромашувањето и нивното економско уништување“, изјави Фазлиу.
ДПА подготвува голем број амандмани на Предлог-буџетот.