А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја поништи ДИК

by А1он18/03/2016 - 18:04187
Share0

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев посочува дека тој потврдил дека медиумите под негова контрола два дена оркестрирано шират невистини и ја манипулираат македонската јавност околу бројот на лица кои СДСМ ги прогласи за фантоми.

Добивај вести на вибер

– Зоран Заев е главниот инспиратот на црното сценарио за фантомизација на цела Македонија, кое вчера се обидоа да го спроведат медиумите на СОРОС и СДСМ. Денес предизвика уште еден скандал.

Со неговата изјава, ја поништи Државната изборна комисија и си зеде за право да одлучува и да говори во нејзино име. Наместо ДИК, Заев зборуваше кои граѓани треба да бидат прогласени за спорни, кои треба да се прогласат за фантоми, па дури и за тоа кои граѓани треба да се избришат од избирачкиот список, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК е таа што носи одлуки околу прочистувањето на Избирачкиот список, а не Заев, стои во соопштението, и се апелира до граѓаните да не подлегнуваат на лагите и фабрикувањата кои ќе ги лиферува СДСМ и нивните медиуми, бидејќи нивната крајна цел е провидна да создадат хаос и тензии во кои единствено знаат да функционираат.

Заев, според ВМРО-ДПМНЕ, е срам за Република Македонија и граѓаните ваквото негово неодговорно и несериозно однесување ќе го казнат на изборите на 5 јуни.

dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто