Маж случајно фрлил бурма од 350.000 евра

Од:

Берни Скуатери (51) од Мисури, неодамна ја изгубил бурмата на неговатаа сопруга, вредна  350.000 евра.

Скуатери случајно прстенот го фрлил во ѓубре откако сопругата го оставила на кујнска хартија. Без да види дали на хартијата случајно се наоѓа нешто вредно за чување, Берни го фрлил во вреќата, а потоа во камион, кој во тој момен собирал ѓубре.

Откако станал свесен за она што го направил,  брачната двојка се нашла во трка со времето – прстенот веќе бил на пат кон депонијата, а доколку таму и заврши шансите за пронаоѓање се многу мали.

Скуатери сепак ги убеди работниците на комуналната компанија да му дозволат потрага по прстенот низ приближно десет тони ѓубре. По 25 минути потрага, прстенот го пронашол оперативниот менаџер на компанијата Џо Еванс.

– Во десет од десет случаи воопшто не успеваме да пронајдеме слични изгубени предмети. Голема среќа е што го најдовме прстенот и успеавме да го вратиме, рече Еванс.

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски