Простор Отпор Балкан

Од:

Креативниот и јавен дискурс се уште постои, дури и во денешните времиња кога систематски е уништуван. Тој и понатаму преставува инстинкт кој е појак од било кoja деградација. Сите овие временски и просторни промашувања што ги доживеавме низ годините, може да се анализираат и во поширок контекст, во склоп на некогашната држава.

Политички простор;

Агонијата на Балканскиот брод продолжува и во раните 90-ти години, овојпат со ново тежиште преку демократска поставка и самостојност, која до тогаш беше перцепирана како индивидуална, експресивна и либерално-прогресивна. Но, до ден денешен не осетивме никаква придобивка на сурплус вредност од сето тоа, а јадот само се продлабочи.

Еден од ретките творци кој успеа да ја  увиде таквата миопија, пред времето е Марина Абрамович, која го спозна сето тоа преку поставката Балкан барок .( златен лав при Венецијанското биенале 97). Брилиантно и  деликатно дело кое го соголи  нашиот  див јаз кој следуваше од постсоциалреализмот,а кој патолошки трае и до ден денес. Тоа го изведе преку  инсталацијата со  масивен и тежок  перформанс : чистење на кравји коски во наративата за епот на стаорецот кој се претвара  во волкостаорец.

И од денешна гледна точка ,ние всушност сеуште сме во тој критичен рт ,помеѓу политичката применета практика која се движи од  Санадер и Јанша,па се до Вучич и Ѓуканович.Исти процеси,исти маки,константна узурпација , практикување на моќ и клиентелизам,популизам без популис.

Јавен простор;

За среќа се создаде нов напреден и жилав отпор, кој иако сеуште мал е многу значаен. Отпор кој води најразлични видови на активности и битки, меѓукои оние најбитните, за заштита на просторот и културното наследство во него. Такви колективни обединувања се појавија насекаде по бившите содржави.Изобилуваа со револт(организација) и делување по  градските празнини. Така се создадоа оригинални и самосвесни здруженија кои се трудеа да се  заштитат од економската  и политичка психоделија.

Срџ е наш, беше слоганот на дубровчаните кои јавно застанаа во заштита на истоименото брдо кое им остана единствена ресорса за нивните поколенија. Се изборија против иградба  на голф терени (израелска инвестиција)каде  интерес согледа само корумпираната управа.Огромна партиципација после низ години борба успеа да ја заштити висорамнината од неповрат. Во одбраната се вклучи дирекно и друштвото на архитекти на Дубровник,издаваа дури и свој весник преку кои делуваа на јавната свест и одговорност.

Во Загреб исто така се прочуја познатите граѓански битки за заштита на цветниот плоштад против изградба на трговски центар и катна гаража.Познати и угледни граѓани легнуваа долж  градилиштето за да оневозможат премин на механизацијата,беше дури донесен и контејнер во кој се вршеа дежурства на претпазливост од насилна изградба. Толку беа организирани ,што при секој алерт можеа да се мобилизираат во кратко време….

Масивна радвиженост за Заштита на Белград се одвива и периодов ,каде група активисти преку движењето Не да(ви)мо Београд се бори против неоснованиот и ад хок одлучен  арапско либерален град што треба да никне  насред Белград.Граѓанството многу свесно ја осети и спозна неморалната намера зад сето тоа.

Во Подгорица,се интезивира здружението Кана, за одбрана и заштита на хотелот Подгорица,од насилно изработениот урбанистички  план кој ја надминува дозволата за катност  на висококатница која се гради во близината . Со тоа се  уништува  едно ремек дело на црногорската модерна архитектура.(здружението го носи името на авторката)

Освен оваков јавен револт ,се појавуваат и низа улични активности како на пример  ансамбли (хорчиња),кои интервенираат со јавни настапи и укажуваат на битноста на колективниот простор и потреба од просперитетен град трудејќи се да ја преусмерат јавната расправа во секојдневната реалност.Нивните изведби се музички нумери кои бараат сензибилитет за најразлични проблематики од кои се засегнати граѓаните ,а се повикуваат на меморијата,каде преку стари избрани песни, имплицираат на  менталниот простор како најбитен. Хоркестра делуваат во Белград, Ле збор  Загреб, Комбинатке во Љубљана.Со сета нивна специфичност го анимираат и репродуцираат се повеќе уништениот ,разјаден и украден заеднички простор.

Тука намерно го одделив Скопскиот активизам заради тоа што тој е поспецифичен и порасчленет,а со времето стана и многу позначаен од горе наведените.Тој прерасна во единствено движење,кое во склоп на околностите понуди оптимизам ,а ветува и многу повеќе. Во Скопје револтот почна преку Архи бригадата,која делуваше на Плоштадот Македонија, Распеаните Скопјани долж различни потребни локации низ градот и Го сакам ГТЦ во јавниот меѓупростор вметнат во отворениот мол.Тие успеаа да го заштитат Скопје од насилна Црква и од Уништување на едно вредно архитектонско дело ,но не успеаја да ги заштитат останатие парчиња од градот кои не се толку јавни ,но преставуваат составен дел од целината на Скопје.Затоа со сите овие и добиени и изгубени урбани битки,се измоделира едно исконско партиципирање кое е во постојан подем и за жал еинствена носива сила во едно општество кое е тотално отсутно,изгубено,поделено. Можеби не успеаа да го заштитат Скопје од психопатија,но се повеќе создаваат  простор за една различна и оригинална демократија,каде ништо повеќе нема да зависи од партиски лидер  или партиско здружение.Секој  поединечно ќе мора да се бори за својата самосвест, своето подобро во склоп на едно будно и одговорното граѓанско општество.

Александар Петров

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска