Груевски: Околу 1.000 социјални станови за лица од ранливи категории

Од:

Продолжува проектот Изградба на социјални станови, најави денека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој рече дека досега се изградени и предадени 680, 123 се во градба и дека наредниот месец и на почетокот на следната година ќе отпочне градба на нови социјални згради во различни места во Република Македонија.

– Кога станува збор за изградбата на социјални станови можам да кажам дека во изминатите години имавме голем прогрес во однос на нивната изградба и нивно доделување на граѓани од најранливите категории. Изградени се 680 социјални станови кои се предадени на граѓаните. Значи, 680 семејства во изминатите години добија станови, односно станови за лица од ранливи категории, 123 се во фаза на градба во неколку населени места, а во Гостивар во следните неколку месеци треба да започне градба и со таа бројка ќе се стигне до 800 станови, рече Груевски.

За почетокот на наредната година тој најави изградба на социјални станови во четири други градови во Македонија.

– Бројката со изградбата на социјални стнаови во тие четири градови ќе достигне приближно 1.000 изградени социјални станови за лица од ранливи категории, лица приматели на социјална помош, лица коишто на никаков поинаков начин не можат да дојдат до стан, рече Груевски кој денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски