Иванов информирал лидери на земји од ЕУ и Балканот за инцидентот на јужната граница

Од:

Во согласност со заклучокот од последната седница на Советот за безбедност, претседателот Ѓорге Иванов вчера и денеска телефонски разговорал со претседатели и премиери од земјите-членки на Европската унија и земјите на балканскиот коридор, со претседателот на Европскиот совет и со претседавачот на Европскиот совет, за актуелната мигрантска криза и инцидентот што се случи пред три дена на јужната гранична линија.

Кабинетот информира дека Иванов телефонски разговорал со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со министерот за надворешни работи на Холандија и претседавач со Европскиот совет, Берт Коендерс, со претседателите на Србија и Хрватска, Томислав Николиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ и со премиерите на Словенија, Чешка, Австрија и Полска – Миро Церар, Бохуслав Соботка, Вернер Фајман и Беата Шидло. 

– Претседателот Иванов ги запозна соговорниците со случувањата на јужната граница и деталите за инцидентот од 14 март 2016 година, обидот за влез на неконтролиран број мигранти и странски државјани на територијата на Република Македонија и ја истакна загриженоста од можноста за повторување на слични инциденти. Информираше за навремената, успешна и одговорна реакција на македонските безбедносни сили, без употреба на сила. Македонскиот претседател побара итен прекин на практиката на носење дополнителен број мигранти кои би поставувале кампови на самата гранична линија на Република Македонија и рече дека балканскиот коридор за илегални премини е затворен, соопшти Кабинетот на Иванов. 

Шефот на државата во разговорите порачал дека Македонија ќе ги преземе сите мерки и активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедноста, а македонските безбедносни институции, како и досега, ќе продолжат одговорно и професионално да се справуваат со бегалската криза, притоа имајќи ја предвид обврската за хуман третман на бегалците.

Информирал дека земјата и во иднина ќе постапува во согласност со одлуките на Европскиот совет, ќе ги следи постапките на другите земји долж балканскиот коридор и нема да дозволи илегален влез на мигранти во Република Македонија. Иванов искажал голема благодарност до земјите што имаат свои полициски сили на јужната гранична линија, особено до оние кои учествуваа во надминувањето на инцидентот. 

Кабинетот соопшти дека сите соговорници го осудиле инцидетот од 14 март и истакнале дека такви инциденти не смеат да се повторат, а изразиле почит и поддршка за начинот на кој Македонија се справува со мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски