(ВИДЕО) Груевски на средба со Дејвид Лидингтон

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со британскиот државен министер за Европа Дејвид Лидингтон.

На средбата соговорниците разговараа за повеќе актуелни теми поврзани со соработката и стратешките интереси, со претстојните избори, нивното спроведување како и со глобалните предизвици во однос на мигрантската криза.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека приоритет се организирање и спроведување на слободни и демократски избори на кои граѓаните во демократски амбиент ќе одлучат за иднината на државата.

Груевски посочи дека за остварување на ваквата цел потребен е ангажманот на сите чинители вклучени во самиот процес и нивен конструктивен пристап. Груевски истакна дека изборите ќе значат излез од наметната политичка криза по што институциите ќе го добијат потребниот капацитет за продолжување на реформите кои значат системско унапредување, подигнување на стандардот и решавање на проблемите на граѓаните.

Груевски ги афирмираше стратешките интереси за членство во НАТО и Европската Унија. Беше констатиран заедничкиот интерес за интегрирање на регионот во овие организации што ќе значи гарантирање на сигурноста, мирот и напредокот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина