ВМРО-ДПМНЕ: Не вршевме никакви притисоци врз граѓани за да се појават на протест пред Устаниот суд

Од:

„Секогаш кога ќе видат дека кај народот не минува нивната деструкција, СДСМ ги активира сите погони на Фабриките за афери и манипулации. Овој пат задачата да ги лаже граѓаните ја доби Александар Кирацовски.

ВМРО-ДПМНЕ е најстрого против секакви притисоци кои ќе се вршат врз граѓани со цел да бидат користени во партиски цели и протести, особено кога се од деструктивен карактер како протестот на СДСМ и Сорос.

Го повикуваме технички назначениот дополнителен заменски министер Александар Кирацовски, како и целото МИОА да извршат увид дали била злоупотребувана општинска администрација за партиски цели. Му предлагаме да започне со истрагата во општина Струмица и општина Куманово.

Според информациите објавени во некои медиуми, во одредени менувачници во Струмица за овие цели биле исплаќани и пари“, велат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски