Трагедија – Вистинска приказна: Татко и син на спротивните страни на протестите

Од:

„Еве што ни направија криминогените политичари заради спас на сопствената кожи. Мојот долгогодишен пријател и комшија кој вчера вечерта учествуваше на протестот во организација на „АЈДЕ” ми ја раскажува случката која дефинитивно го натерала во најбрзо можно време да се исели од државава.

Како правдољубив човек и патриот кој си ја сака својата држава, застанува во одбрана на неменување на Законот за помилување се со цел да не му се даде можност на претседателот на државата во иднина да ги помилува сите оние лица кои учествувале во изборни измами, а во моментот се главно осомничени во акцијата „Титаник”.

За време на протестот тој по телефон го бара неговиот син кој е вработен во една од институциите на Град Скопје. Синот му се јавува и му вели дека го ангажирале (читај – го натерале) како редар односно обезбедување на контрапротестот во реализација (а не во организација) на Стевче Јакимовски.

Таткото се избезумува и му вели на синот по телефон: „Сине мој, доколку дојде до немири веднаш заминувај, немој да се случи да се судриме еден со друг”

Што да се каже после ова?.

Ова е нашата трагедија во режија на политичарите монструми“, напиша Јове Кекеновски, на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец