По информациите дека Уставниот суд денеска не дозволи снимање на седницата во која меѓу другото е и измената на законот за помилување, амбасадата на САД се обрати до Уставниот суд преку својот Твитер профил.
Зошто Уставниот суд ја затвори денешната седница? Транспарентноста е од суштинско значење за секоја институција, напиша Амбасадата на Твитер.
Инаку, новинарите се уште чекаат некаква реакција од Уставниот суд, но не добиваат одговор на прашањата зошто не се пуштени внатре, ниту пак дали се изгласани измените на законот.