МВР: Во изминатите 24 часа не се издадени потврди за барање азил

Од:

МВР вчера не издала потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од 1 јануари годинава до 15 март се издадени потврди за намера за поднесување барање за азил на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.

Од почетокот на годинава до 15 март до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лица од кои 22 од Сирија и седум од Авганистан врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска