Компанијата за алкохолни пијалаци „Бакарди“ соопшти дека достила жалба до американски суд поради даденото овластување на Куба за продажба на румот „Хавана клуб“ на територијата на САД.
Потпретседателот на „Бакарди“, Рик Вилсон, смета дека е потребно да се заштитат правата „на жртвите, чии имоти и средства биле конфискувани“ по кубанската револуција во 1959 година.
„Бакарди“ е создадена во Куба, но по доаѓањето на Фидел Кастро на власт започна бранот на национализација со што на компанијата и беше одземен сито имот и средства и таа се префрли на Бермудските Острови.
„Бакарди“ тврди дека е единствената компанија со право на брендот „Хавана клуб“, рум кој во моментов се продава на територијата на САД.
Но, кубанската Влада го оспорува овој аргумент и почна да извезува рум со истото име.
Алкохолниот пијалак со истото име се нуди на амаериканскиот пазар од државната кубанска компанија „Кубаекспорт“, но и од француската „Перно Рикар“.
По возобновувањето на дипломатските односи меѓу Вашингтон и Хавана, САД во јануари годинава и дозволи на кубанската Влада на територијата на САД да го продава румот „Хавана клуб“, со што беше укинато ембаргото воведено во 1962 година.
Против оваа одлука компанијата „Бакарди“ поднесе жалба до Судот во Вашингтон, во која тврди дека таа е сопственик на брендот, кој и „е одземен на сила од страна на режимот на Кастро“.