А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Објавениот бројчаник за задолженоста на Македонија е политички чин

by А1он15/03/2016 - 14:2516/03/2016 - 08:23106
Share0

ВМРО-ДПМНЕ денеска го оцени како партиски и политички, а не како научен чин, објавувањето на „бројчаникот“ за задолженоста на Македонија на веб страницата на Македонската академија на науките и уметностите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во писмената реакција ВМРО-ДПМНЕ посочува дека јавниот долг се мери во релативна вредност, а не во аполутна и го повика претседателот на МАНУ Таки Фити да изработи вистински „бројчаник“ кој ќе покажува секојдневно како расне БДП, како и корелацијата на БДП и државниот долг.

– Јавно го прашуваме Таки Фити дали МАНУ ќе направи апликација „бројчаник“ за намалување на невработеноста, потоа друга апликација „бројчаник“ за раст на извозот и уште една за раст на индустриското производство? Дали МАНУ ќе направи апликација со „бројчаник“ за бројот на изградени километри патишта, водоводи, канализациони мрежи, реконструирани и изградени училишта, болници, набавени медицински апарати?, се вели во реакцијата.

Партијата напоменува дека се додека МАНУ не се огради од ваквите настапи, ќе ја третираат оваа институција како клон на СДСМ и Сорос.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Би апелирале до останатите членови на МАНУ да направат истражување дали во некоја држава постои сродна институција како нивната која по сите дефиниции треба да биде врв во науката, каде претседателот на таа институција е пред пензија, а за целиот свој работен век не успеал да направи научен труд кој би бил прифатен во меѓународно списание со импакт фактор, вели ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео