Извештајот на Јанева на 28. март на пленарна седница

Од:

Извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде разгледуван на пленарна седница на Собранието, што претседателот Трајко Вељаноски ја закажа за 28. март.

Претходно, на 21. март, Извештајот ќе биде на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, информираат од Собранието на Република Македонија.

Постапувајќи согласно членот 7 од Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство Катица Јанева денеска до Собранието и Советот на јавните обвинители го достави Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци односно за периодот од 15 септември 2015 до 15 март 2016.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов