Агенцијата за борба против наркотици во Индонезија добива статус на министерство

Од:

Агенцијата за борба против дрога во Индонезија ќе добие многу повеќе финасиски средства, овластувања и статус на министерство. Ова е чекор со кој властите во 256- милионската држава ќе се обидат поефикасно да застанат на патот на се помасовното користење на дрогата, прогласено за најголема опасност по нацијата.

Актуелниот шеф на Агенцијата за борба против дрогата Хенри Јосодининграт денеска изјави дека ни повеќе од сто смртни казни за нарко-дилерите, ниту бројните кампањи не се покажуваат ефикасни. Лани во Индонезија се регистрирани над четири милиони зависници од наркотици, а државата нема доволно капацитети за нивна рехабилитација. Од прекумерно уживање наркотици умираат над 2.000 зависници месечно.

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо, најавувајќи дека ќе потпише Декрет за новата улога на Агенцијата за борба против дрога навести дека ќе го подигне авторитетот на антинаркотичките бригади над формалниот авторитет на полицијата. Тој ги повика медиумите од сите категории да се вклучат во кампањите, а од своите сознанија за нарко-мафијата да помогнат виновниците за растурање на наркотици да бидат откриени и уапсени.

Над 90 посто од уживателите на дрога во Индонезија користат синтетичка дрога која делумно се произведува на архипелагот, а се увезува и од други азиски држави, каде што сеуште нема ефикасни акции за затворање на лабораториите за нарко-производство. Индонезија има и огромни површини на кои расте марихуана, но таа во однос на последиците од појаките дроги не се смета како големо зло.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници