Данската полиција соопшти дека е покренато обвинение против една 16-годишна девојка за планирање на терористички напад врз две училишта, од кои едното еврејско.
Во полициското соопштение се наведува дека нејзиниот 24-годишен пријател, за кого локалните медиуми наведуваат дека се борел во Сирија, обвинет е за соучество во правење на бомби.
Девојката неодамна преминала во муслиманска вера.
Таа е уапсена на 13 јануари поради купување на хемиски супстанции за правење на бомби, а нејзиниот пријател следниот ден. Тој е осомничен и поради што на девојката и доставил прирачник за изработка на бомби.
Двајцата пред судот се изјаснија дека не се виновни, а нивните имиња не се објавени, во согласност со данските закони.