Хаос во пријавувањето на фантомски гласачи, ДИК и МВР ги шетаат граѓаните

Од:

Граѓаните немаат каде да ги пријават фантомските гласачи кои се појавија во објавениот Избирачки список. Граѓаните во чии домови се наоѓаат и по десетици фантомски гласачи се јавија во редакцијата на А1он каде велат дека не знаат каде да пријават, бидејќи кога ќе отидат во подрачните единици на Државната изборна комисија, од таму ги праќаат до полицијата, а полицијата ги упатува назад кон подрачните единици на ДИК.

Од Државната изборна комисија за А1он велат дека подрачните единици мораат да ги прифатат забелешките и дека е невозможно од некоја подрачна служба граѓаните да бидат одбиени и да бидат испратени до полицијата.

Според ДИК, граѓаните слободно можат да се обратат до подрачните единици каде мораат да ги примат забелешките, на мејлот на Државната изборна комисија, [email protected] како и да пријават на веб страната izbirackispisok.gov.mk.

Од МВР пак велат дека тие се само сервис кој ги собира информациите и преземаат мерки, а пријавувањето го регулира Државната изборна комисија.

Граѓаните велат дека со појавувањето на информациите за фантомси гласачи, уште минатата година пријавиле во Државната изборна комисија, но сега, кога Избирачкиот список е достапен за сите, тие повторно гледаат непознати имиња на нивната адреса.

На хаотичниот Избирачки список се појавуваат и згради со по 50 гласачи на место каде воопшто нема живеалиште, или пак на адреса на куќа. Според објавениот Избирачки список, гласачи има и на адресата на амбасадата на САД, како и на британската амбасада.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија