Спорниот ДУП би „изел“ близу 500 дрвја во Карпош 4

Од:

За да се придонесе кон одговорно урбанистичко планирање, и да се заштити плански засаденото високо зеленило, активисти од невладината „Плоштад Слобода“ и иницијативата „Ние сме Карпош 4“ направија попис на дрвјата во Карпош 4. Се утврди дека има у 3.008 дрвја на површина од бруто 32 хектари, или 94 дрвја на хектар.

Активистите препорачуваат преиспитување на одлуките во ДУП-от за нови згради, соодветни акции, а кога отстранувањето на дрво е неизбежно – тоа да се премести, а да не се сече.

Додека општина Карпош тврди дека нема да се одзема ниту педа зеленило на сметка на градби и паркинзи, граѓаните поднесоа иницијатива и потписи за локален референдум за стопирање на процесот за носење нов ДУП, а сега со пописот треба да ја зајакнат својата аргументација и понатамошните стретегии против ДУП-от.

12822627_574065786098514_1414868008_o

„Така, доколку се реализираат сите нови надземни и подземни градежни површини, како што се предвидени во ДУП-от, ова би значело сечење на околу 482 дрвја, или намалување на вкупниот фонд на дрвја за 16 отсто Од овие, дури 36 се новозасадени фиданки, кои би биле исечени, што говори за непланското садење и сечење на дрвја и залудно трошење на ресурси. Во оваа пресметка не е вклучено проширувањето на училиштето за кое веројатно се планира архитектонско-урбанистички проект, а претпоставката е дека веројатно и таму ќе се жртвува некое дрво. Во самиот двор на основното училиште има 226 дрвја. Проценката на бројот на дрвја кои би биле исечени е базирана на непрецизни локации на дрвја (без точна гео-локација) и на непрецизен пдф документ од ДУП-от – но, дури земајќи во предвид голема маргина на грешка, бројот на потенцијално уништени дрвја е сепак импозантна“, велат активистите.

Активистите потенцираат дека намалувањето и губењето на зелените површини и дрвјата во урбаните подрачја имаат огромно влијание врз квалитетот на живот на граѓаните, особено во зони со високо загадување како Скопје.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Уставен суд ја укина Одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово

Истражување: Дел од општините имаат неважечки Генерални урбанистички планови

A1on

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров