Божиновска: Верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата

Од:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска денеска преку соопштение ги повика верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата.

– Тие добро знаат дека ниту орелот, ниту крстот можат да ги направат победници или поразени. Тие историски живееле во верска толеранција и соживот и самите меѓусебно знаеле да споделат заеднички моменти во добро и во зло. Ниту некогаш христијаните се собирале да протестираат против изградба на џамија, ниту пак, им пречела молитвата на имамот, истакнува Божиновска и прашува Тие што вчера ги газеа осветените темели за крстот победници ли беа?
Време е, наведува Божиновска, кога и муслиманите и христијаните треба да се вратат на корените на своите прадедовци, зашто токму тие беа урнек како се живееше во Република Македонија.

Според неа, време е пред сѐ за човечко обединување.

– Онака како што можеме самите одвнатре да си помогнеме, тоа никој однадвор нема да го направи за нас. Ве повикувам да го следиме примерот на поранешниот муфтија и сегашниот градоначалник Ружди Љата и игуменот Партениј, обата го чуваат верскиот соживот во дебарско-реканскиот крај, на Македонците, на Албанците и на Македонците со исламска вероисповед. Само на тој начин ќе го кренеме заедничкиот бајрак на победа на верската толеранција и соживот во Република Македонија. Апелирам во овие мигови проблемот да се разреши и институционално, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Телеграма од Божиновска до МПЦ-ОА по повод 50 години автокефалност

Наум Локоски

Втор ден на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Божиновска: Не ми пречи орелот, Оливер мора да го чува крстот

А1он

Божиновска ги осуди бомбите во строг пост, но се омрси со линчот кон Заев

Емир Латифовиќ

Џамијата, црквата и синагогата – (верски) објекти на омразата

Ана Ололовска