(ВИДЕО) Божиновска: Не ми пречи орелот, Оливер мора да го чува крстот

Од:

Оливер Спасовски требаше да ги тргне луѓето кои го сквернавеа крстот, но тој тоа не го направи. Тој е одговорен да ја воведе во ред оваа ситуација за да не ескалираат понатамошните мигови, смета претседателката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска.

Таа вели дека Општина Чаир и Општина Бутел заедно со градежниот инспекторат треба да ја вратат позицијата на крстот за да може да продолжи градењето и за неколку месеци таму да има крст.

– Ова не е етнички конфликт, ова не е верски конфликт, ние немаме против орелот, кој што знаеме дека е симбол византиски, симбол на почетокот на христијанството, симбол на Албанците, симбол на Србите, на Црногорците. Не сакаме да ни се степаат децата. Апелирам до граѓаните, не ни пречи орелот, ниту пак некому му пречи крстот, вели Божиновска.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев пак, МВР требало да ги спречи демонстрантите во Бутел да влегуваат и да кршат во државна сопственост. Тој вели дека во собирот нема никаква политика, туку тоа се граѓани кои изразуваат револт против неажурноста на МВР.

– Македонија е мултиетничка држава во која што сите етинички заедници имаат право да си ги изразуваат своите национални и верски чувства, затоа сакам да прашам кому му пречи крстот во Бутел. Ако нас не ни пречат верските објекти, муслиманските верски објекти, ако нас не ни пречи орелот кој што го почитуваат Албанците, зошто нив би им пречел нашиот крст, рече Чибишев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа