Полицијата во Џакарта соопшти дека нема сознанија за некаква посериозна закана за безбедноста на учесниците на претстојниот Самит на Организацијата за Исламска Соработка (ОИК), што на 6 и 7 март ќе се одржи во главниот град на Индонезија. За безбедноста на учесниците од денеска до следниот вторник ќе се грижат и 4.000 специјалци од полицијата и армијата, а за сообраќај ќе бидат затворени неколку поважни улицикон и во центарот на Џакарта.
Со специјалците, вкупниот број на ангажирани за безбедност на учесниците ќе изнесува 10.560, соопшти денеска шефот на полицијата во Џакарта Тито Карнавиан. Тој изјави дека опасноста од терористички напади не е голема, бидејки во Џакарта ќе се дискутира за теми кои треба да го унапредат статусот на муслиманите во светот.
На Самитот на ОИК ќе учествуваат поголем број шефови на држави и влади и министри од 47 држави од организацијата во која членуваат 56 држави. Главни теми се донесување Декларација за поддршка на палестинската независност и соработката на државите-членки во спречувањето на радикализацијата на исламот.