Македонската фудбалска репрезентација не го промени својот пласман на најновото рангирање на ФИФА листата и остана на 138. место.
Најдобро пласирана на мартовското рангирање од противниците во квалификациската група за СП 2018 е Шпанија које е трета. Следна е Италија (14.место), Албанија е 35-та, Израел 67-ми, а најслаб пласман има Луксембург (142.место).
Нема промени ниту во ТОП 10. Води Белгија пред Аргентина и Шпанија, а по нив следуваат: Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 7 април.