Истражувањата на асоцијацијата Младиинфо во кој беа опфатени 3 портали од кој еден на албански јазик, покажаа дека портал со најмалку сензационалистички информации е порталот А1он.
Истражувањата во главно се направени на теми кои ги покриваат малцинствата и бегалската криза.
Според асоцијацијата, на малцинствата во Македонија ретко им се дава можност во прилозите лично да бидат земени како извор на веста. Се работи за етнички малцинства, ЛГБТ, луѓе со ограничени способности, жртви на трговија со луѓе, бегалците и барателите на азил итн.
Порталите се анализирани од аспект на тоа дали имаат сензационалистички вести, или пак имаат информативно дијагностични вести.
– Се покажа дека порталот на албански јазик става главен фокус на албанското малцинство и во тој дел претежно информативно-дијагностички пишуваат за малцинството, но пофторно кажувам гласот на малцинството им беше одземен на некој начин односно ставен во втор план, рече Марко Трошановски, главен истражувач на проектот.
Според гласноговорникот на Европската слободна алијанса во Брисел, Јоргос Пападакис, многу е важно да се истражи дали малцинствата се вклучени во медиумите и доколку не се, зошто е тоа така.
– Новите медиуми се еден многу битен фактор во сегашниот живот на сите граѓани во Македонија, Балканот и пошироко во Европа така да мора што по објективно да ја информираат јавноста за малцинствата и за сите проблеми кои општествата ги имаат, рече Пападакис.
Виктор Јованов