„Сите граѓани и државни институции мораат да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство, доколку сакаме да се надмине политичката криза и утврди одговорноста за креаторите на кризата, како и за тие кои го кршат Уставот и ги блокираат институциите за да се попречи разоткривањето на криминалот и кршењето на човековите права.
Криминалот не е вредносна категорија туку зло кое ги разорува институциите и со кое мораме да се справиме на ефикасен начин.
При донесување на Законот за Специјалното јавно обвинителство, Павле Трајанов, предложи амадман со кој се предвидуваше казна од најмалку три години затвор за секој граѓанин, односно пет години затвор за службено лице, доколку не ги достави бараните информации до СЈО. Амадманот беше одбиен.
Демократскиот сојуз и натаму смета дека само со силна политичка волја и определба, како и дефинирана конкретна одговорност за тие што ја попречуват правдата и подеднакво важење на законите за сите граѓани, можен е пресврт и отворање на перспективи за иднината на државата и младите генерациии“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.