Од 2013 година пензиските фондови на сите поранешни југословенски републики ќе имаат можност да вршат размена на податоци по електронски пат.
Целта е да се поедностави процедурата за добивање пензија од странска земја.
„Република Македонија е држава во која што се остварува право на пензија и од страна на граѓани кои што живеат во сите овие републики.
– Соодветно на заедничкото живеење во поранешната држава, голем дел од тие граѓани остварувале работни обврски во Република Македонија и врз основа на тоа остваруваат право на пензија од Фондот за пензисок и инвалидско осигурување во Република Македонија“, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.