Издадени 210 потврди за признавање право на азил

Од:

Во изминатото деноноќие на 210 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, од кои 76 се од машки, 39 од женски пол, а 95 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Најмногу од нив, 158 се државјани на Сирија, 52 се државјани на Ирак, а нема издадено потврди на државјани од Авганистан.

Од почетокот на годинава издадени  се 87.840 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на странски државјани, од кои 34.806 се од машки пол, 19.180 се женски, а 33.639 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 215 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.253, Авганистан-26.546 и Ирак-18.038.

Од почетокот на годинава до денеска до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лица (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Во изминатите 24 часа до Секторот за азил поднесени се четири барања за признавање право на азил на државјани на Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска