Словачкиот претседател Андреј Киска смета дека на бегалците кои доаѓаат во Европа треба да им се помогне, но миграцискиот процес мора да биде контролиран, јави дописникот на МИА од Прага.
– Мораме да провериме, дали тие не се економисти мигранти, дали тука не доаѓаат заради подобар живот и дали се таму криминалци или потенцијални терористи, вели Киска додавајќи дека миграцискиот, азиловиот процес мора да биде контролиран, вели Киска.
Како што рече самиот Киска, доаѓањето на бегалците не го смета за инвазија во Евопа.
– Наша морална одговорност е, како успешна земја да размислуваме како да им помогнеме на тие луѓе, кои реално бегаат пред опасност, изјави словачкиот претседател.
Киска по прашањето на миграцијата има спротивен став од актуелниот словачки премиер Роберт Фицо кој смета дека треба да се заштитат границите од приливот на бегалци.