Индонезија ќе ги заостри законите за да спречи пропаганда на радикалниот ислам

Од:

Соочени со се поагресивната пропаганда на радикализирање на припадниците на муслиманската вера, Индонезија подготвува нови закони за спречување на оваа појава, која веќе станува и објективна закана за стабилноста на оваа 256 милионска, доминантно со муслимани населена држава.

На прес-конференција во Џакарта, државниот секретар Прамоно Анунг денеска изјави дека на властите им е познато дека дури и во Џамите, во џамиите лоцирани во центарот на градот, се проповеда поддршка за Исламската држава, но според сегашните закони за вакви активности не може да се преземат мерки, бидејки сегашните закони не го предвидуваат тоа. На „меките“ законски прописи минатата недела се пожалија и шефот на националната полиција и државниот обвинител на Индонезија.

Проповедниците во џамиите, во кои не ретко за време на молитвата се истакнувало и црно знаме, ги убедуваат верниците дека со одење на боиштата во Ирак и Сирија, покрај благослов од Алах, ќе имаат и редица материјални погодности. На видео снимка, која илегално ја снимила ТВ екипа од Австралија, проповедникот во џамијата тврди дека во ИД се заминува и поради можноста да се добиваат плата, убава храна и бесплатна здравствена заштита.

Во посебна изјава, министерот-координатор за правда и безбедност Панјаитан рече дека појавата е присутна, но дека населението не треба да биде загрижено, бидејќи државата ги контролира настаните. Пред два дена, изјави тој, во Џогџакарта, втор по големина град во Индонезија е затворено средно верско училиште каде што пропагандата на радикализацијата на муслиманите зела замав.

Министерот-координатор апелираше да се забрза работат на измените на законот за антитероризам, кој во Индонезија е донесен во 2.003 година, а кој во сегашните услови не е соодветен на реалноста.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници