Откако вчера беа одиграни реванш натпреварите од 1/16-финалето во фудбалската Лига Европа, попладнево со ждрепката одржана во Нион, одредени се двојките за осминафиналето.
Најголемо внимани се очекува да предизвика дуелот на ангиските екипи Ливерпул и Манчестер Јунајтед, како и шпанската пресметка меѓу Атлетик Биилбао и Валенсија, односно мечот меѓу Тотенхем и Борусија Дортмунд.
Бранителот на трофеот Севилја за противник ќе ја има екипата на Базел.
Во останатите натпревари ќе играат:
Шахтјор Донецк – Андерлехт
Виљареал – Баер Леверкузен
Спарта Прага – Лацио
Фенербахче – Брага.
Првите натпреварите ќе се играат на 10, додера реванш дуелите на 17 март.