Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 170 странски државјани, од кои 59 од машки и 41 од женски пол, како и на 67 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и три деца кои патуваат без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
МВР денеска соопшти дека според државјанството, потврди се издадени на 128 државјани на Сирија и на 42 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
До Секторот за азил вчера не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Инаку, во периодот, пак, од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 25.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 87.206 странски државјани, од кои 34.588 се од машки пол, 19.041 се од женски и 33.365 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 212 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 42.779, Авганистан 26.546 и Ирак 17.878.
Во посочениот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe, од кои 14 од Сирија и седум од Авганистан, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.