„Стотројка“ ќе го слави роденденот со концерт на американските легенди „Psychic TV.“

Од:

Во мај се навршуваат 25 години од постоењето на култната независна скопска радио-станица – Канал 103. Стотројка веќе четврт век претставува симбол на независната и слободна мисла и kлучен промотор на прогресивната музика, авангардната уметност и култура воопшто.

За одбележувањето на јубилејот, Канал 103 ќе организира целовечерен музички фестивал, на кој, покрај плејадата бендови од македонската независна музичка сцена, ќе настапат и американските легенди „PSYCHIC TV.“

Psychic TV се оформени во 1982 година, на трагите од култниот индастриал бенд Throbbing Gristle, а како продолжение на музичката фантазмагорија на неповторливиот/неповторливата Genesis P-Orridge. Се работи за можеби најмаркантната фигура на андерграунд сцената во 20/21-от век, културен провокатор кој ги помести границите на современите музички сфаќања и пракси до точка во која музиката, експериментот, авангардниот арт и древните ритуали креираат крајно возбудлив паралелен уметнички универзум. Во период од 34 години, колку што постојат Psychic TV, издадоа приближно исто толку музички изданија во кои фасцинира постојаната трансформација и жанровската разновидност во иновативни преплети од рок-психоделија, поп-деконструкција, индастриал атмосфери, модерни денс битови и експериментални звучни пејсажи. Нивниот актуелен албум “Snakes”, издаден во 2014 година, се најде во потесниот избор за албум на годината на голем број релевантни музички медиуми, вклучувајќи го и оној на Канал 103.

Роденденскиот фестивал на Стотројка ќе се случи на 14-ти мај (сабота) во Младинскиот културен центар.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on