Познати сите учесници во осминафиналето на фудбалската Лига Европа

Од:

Со одигрувањето на реванш дуелите од првата елиминациска рунда, комплетиран е списокот на учесници во осминафиналето на фудбалската Лига Европа.

Меѓу шеснаесетте тима кои ќе продолжат понатаму ќе ги нема Наполи, кој беше елиминиран од Виљареал, Порто, кој и по втор пат беше поразен од Борусија Дортмунд, како и Фиорентина, која на гостувањето во Лондон кај Тотенхем загуби убедливо.

Затоа пак пласман во осминафиналето обезбедија: Брага, Фенербахче, Ливерпул, Лацио, Баер Леверкузен, Спарта Прага, Атлетик Билбао, Шахтјор Донецк, Валенсија, Базел, Виљареал, Олимпијакос, Севиља, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и Тотенхем.

Комплетни резултати од реванш натпреварите од 1/16-финалето во Лига Европа: Брага – Сион (2:1 прв натпревар), Локомотив Москва – Фенербахче 1:1 (0:2), Баер Леверкузен – Спортинг Лисабон 3:1 (1:0), Краснодар – Спарта Прага 0:3 (0:1), Лацио – Галатасарај 3:1 (1:1), Ливерпул – Аугсбург 1:0 (0:0), Атлетик Билбао – Олимпик Марсеј 3:1 (1:0), Шалке – Шахтјор Донецк 0:3 (0:0), Рапид Виена – Валенсија 0:4 (0:6), Базел – Сент Етијен 2:1 (2:3), Наполи – Виљареал 1:1 (0:1), Олимпијакос – Андерлехт 1:0 (0:1), Молде – Севиља 1:0 (0:3), Манчестер Јунајтед – Митјиланд 5:1 (1:2), Порто – Борусија Дортмунд 0:1 (0:2) и Тотенхем – Фиорентина 3:0 (1:1).

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи денеска, а натпреварите ќе се играат на 10, а реванш дуелите на 17 март.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска