Со тенџериња, тапани и тракатанци во 17.30 на протест пред Уставен

Од:

Граѓанската платформа АЈДЕ! и денеска во 17.30 часот, ќе протестира пред Уставен суд, каде што вчера се оджа првиот протест, во знак на револт од прифаќањето на иницијативата за измена на Законот за помилување, со која се овозможува да се помилуваат лица осудени за изборен криминал

„Реквизити што треба да ги донесиме за денешниот протест да биде уште погласен и поенергичен од вчерашниот се тенџериња, лажици, тави, тавчиња, свирчиња, тапани, други разни тракатанци и секако, нашиот глас и нашето достоинство“, порачуваат од АЈДЕ!.

Граѓаните од АЈДЕ! велат дека Уставниот суд застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори, па во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за помилување, поточно за забраната претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

„Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување.

Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок. Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот.

На судиите кои се грижат единствено за спасување на своите наредбодавци, ќе им порачаме, јасно, гласно и решително, дека тие се одговорни пред сите нас – граѓаните на оваа држава и дека не можат и не смеат да го газат Уставот секогаш кога тоа ѝ одговара на владејачката партијата или секогаш кога ќе треба да се спасуваат криминалците во власта. НЕМА ПРАВДА –НЕМА МИР!“, порачуваат од АЈДЕ!

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција