Мартин Шулц: Враќањето на граничните контроли во Белгија е „нормално“

Од:

Одлуката на Белгија да ја врати времената контрола на границата со Франција е „апсолутно нормална“, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц во интервју за радиото Јуроп 1.

Какп што јави дописникот на МИА од Париз, властите во Брисел решија да ја вратат контролата на границите, за да се спречли евентуален прилив на мигранти од Франција во Белгија, по одлуката на француските власти да евакуираат дел од илеканиот имигрантски камп во Кале.

– Белгија ја врати контролата на ограничено време. Таа им го најави тоа на своите соседи и на Европската комисија. Потребно е да се направи разлика меѓу затворање на границите поради сериозни причини, со постојаното затворање на границите кое се однесува на транспортот и на услугите, рече Шулц.

Белгискиот министер за внатрешни работи ја предупреди ЕУ дека неговата земја на границата со Франција ќе распореди 250 до 290 полицајци, кои ќе вршат контрола на граничните премини, посебно на крајбрежието, како и во околината на Зебруж.

Според претседателот на Европскиот парламент, оваа одлука на Белгија не го доведува во прашање Шенгенскиот договор.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски