Министерката за социјални работи на Индонезија, Кофиаф Индар Параванса денеска соопшти дека властите во оваа 256 милионска држава до вчера затвориле 68 јавни куќи, а преостанатите 100 ќе бидат затворени до крајот на 2019 година.
Во т.н. „црвени дистрикти’’ во гоемите градови на Индонезија, легаално работат над 50.000 проститутки, а бројот на тие што работат на црно е многукратно поголем. Проститутките, зависно од категоријата на борделите во кои работат, за својата услуга наплаќаат од 10 до 200 долари.
Индонезија ќе се обиде да изврши преквалификација на сегашните проститутки и да им обезбеди друга работа.
Познавачите на состојбите сепак не веруваат дека проситуцијата како занает и извор на приходи ќе исчезне. Според нив, дамите за еднократна забава ќе се дислоцираат во ноќните барови, но и на улиците и квартовите во кои и сега има голем број жени и девојки што нудат сексуални услуги.