Поглед кон невозможното

Од:

Искрено ВМРО-ДПМНЕ си ја знае работата. И кога се во напад и кога се во одбрана, тие работат и дури стасуваат да наметнат теми затекнувајќи ја опозицијата која едвај се снајдува и со постоечките.

Одличен проект „ничему изазвани“, распалија по еднополовите бракови и правата на геј заедницата, а во втората фаза веднаш на Марш за пораст на наталитетот. Демек некој ги спречува да прават деца.

Освен што го турија во центарот на Скопје, најголемиот споменик на најголемиот познат геј во историјата, ми заличува дека еден ден ова и ќе биде култно место со име “Миконос два” и дека и за тоа ќе ја обвинат опозицијата.

Драги мои Андреј и разни функционери на СДСМ, па на вака наметнати теми можевте да се повикате сепак на најдобрата пракса во ЕУ и во светот по оваа тема-Референдум.

За ова никој не смее да се повика на партија, секоја партија ги има овие заедници па така да повикување на партија е смешно.
Обожавам и говор во прво лице еднина по темиве. Но да се повика на партија…воопшто не е добра стратегија.

И во ВМРО-ДПМНЕ си пуфкаат некои трева колку и во СДСМ и за тоа еден ден ако треба и по тоа се знае-Референдум.

Колку и да изгледа невозможно Еевропската Комисија така ја тапша нашава влада што страв во коски ме фаќа. Ако до датум Х нашиве не испорачаат нешто што го ветиле ми личи дека ЕК друго ќе им испорачаат.

Колку и да изгледа невозможно оваа влада ќе мора да го реши проблемот со Грција две недели пред јуни. За декември возот им заминува како францускиот те-же-ве.
Колку да изгледа невозможно опозицијата ни е сведена на математики на + 1 или -1 глас на локални избори. Јас се надевам на глас +1 ,а доколку се освои -1 тоа ќе им го оставам да го анализираат песимистите.

Колку и да изгледа невозможно новите проекции со и за ВМРО-ДПМНЕ се од црни по црни.
Странските финансиски аналитичари го гарантираат само ова-Владата ќе мора до следната зима да се задолжи со нови 800.000.000 милони евра. Сметано од 15 октомври 2012.година до 15 октомври 2012. Ни евро помалку.

За разлика од брифери што партиски што дипломатски на ваков развој на ситуацијата сега е време и тоа веднаш ,опозицијата да почне да билда капацитет на администрација во кризен период. Со тоа на дипломатите ќе им дадат чуство за сигурност. И не само тоа, време е СДСМ да понуди до дипломатите одговори по сите прашања. Да ги има веднаш. Ако треба и за проблемот кој ќе го чисти зимава снегот пред Бихачка.

Неодложно одговор по сите проблеми-прецизен и точен. Флоскулата “кога ќе дојдеме на власт ќе видиме потоа” е веќе длабоко контрапродуктивна. Доцнат со сите одговори со месеци, што по СДСМ е поразително како ги перцепираат.

Дури мислам дека е најдобра опција СДСМ да формира Влада во сенка еден месец пред локални избори. На вакви избори како и претходните навистина треба да се оди со лидери на „челу колоне“. А, со тоа ќе се амортизираат повеќе клучни закани. Ќе им светне на СДСМ ,оптимист сум .Има таму барем еден што ги разбира работите.

СДСМ со “наши”нема да победи на избори, на избори се победува со сите, а ако ситуацијата станува неподнослива тогаш партиските функционери не ќе можат да изнајдат решенија.
Тука секогаш има грешка во материјалот за револуција заради тоа што првин се станува револуционер или идеолог на револуцијата па после се формира партија.

Ахмети има доволно искуство. Се знае од бирократ не бидува револуционер, но од револуционер бидува салам демократ и се што оди попратно.

Даме Чкатроски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска