Сончево, температура до 23 степени

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има и слаб локален дожд. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната  од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Од среда следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд, а дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска