Латас, имаш пропуштени повици!

Од:

Токму така, Латас! Апропо твојата последна колумна, де. Прв пат да си во право. И не ме чуди што повеќе ти се допаѓа Цеца. „Цеца национале“, истата онаа која подгреваше национализам, жената со сомнително минато. Онаа која не плаќа данок и место во затвор се порамнуваше со Премиерот на државата и издржуваше казна куќен притвор. Онаа, која „пола е пијана а тек је пола два“, онаа која се` уште носи накит украден од нејзиниот сопруг кој “хараше” низ бившата Југославија.

Токму таа жена на која наликуваат дел од судијките на Фамилијата, некои во стилот, а некои во кариерата. Кога веќе правиш паралели, тогаш јасно е кој-а е Цеца, а кој е живиот Аркан. Цеца секогаш ќе биде типичен пример за „тоа кога селото се сели во градот“, со помош на љубовникот. Заради таа Цеца огромен број новинари имаат добиено шлаканици од сопругот, од подземјето. А што би правеле вие ако не е Цеца да ви помогне да се утешите дека од селото бидува град?!

За да бидеш ѕвезда на Балканот не е потребно многу труд. Доволно е сомнително да се омажиш. Што ќе правевте вие на своите журки без Цеца? Онаа која се крие под наметката на самохрана мајка. Поразително е фактот за тоа кој ни е креатор на јавното мислење. Колку девојки се упропастиле заради тешкиот успех на Цеца? Цеца е Цеца, нејзе се’ и простено, дури и сандаците со оружје во нејзиниот дом, учеството и последните комуникации со луѓето кои беа вклучени во убиството на Ѓинѓиќ, трансферите со фудбалерите,…?! Токму така, Латас. Таа е онаа која треба да ни биде пример за тоа како треба низ животот. Затоа Латасу, ми се лоши од руинираното поранешно градско Скопје, кое го уништија ваквите како тебе и Цеца.

Затоа, Латас, задоволство ми е што не се поклонувам пред некоја си менаџерка на локалите во Скопје, што не сум на нејзината листа, што имам критериум, што не ми е важно со кого се забавува синот на Саше. Што не делам воздух, а пак, да не даде Бог, иста маса со ликови кои имаат амбиција, но не и интелект, со манекенки кои имаат кариера од два дена, со политичари со пубертетски мозолчиња, со водителки на лото, со нехаризматични ликови кои му бакнуваат рака на шефот, но затоа и’ ја фрлаат в лице сметката на чесната келнерка, со оние кои не плаќаат паркинг, со оние кои не ја плаќаат ниту сопствената сметка, со оние кои се’ уште на сфатија дека бижутеријата од Сваровски е далеку од аристократија. Со оние налик тебе, чиј идол е жена на воен злосторник, девијантна по сите основи, а која ја доживуваш како мајка на нацијата.За жал.

Ме потсети на една наша пејачка која падна од сопствената тераса, на нејзините имитации на Цеца национале, на нејзината љубовна приказна. Но Цеца, Латас, се` уште пее, не работи во администрација. Мхм. Иако кај нас се` уште се живи копииите на Аркан, ти никогаш нема да бидеш хумористичен како Минимакс, а во меѓувреме ние како држава (ќе) си имаме многу Цеци, не една…..

Да те потсетам, на времето кога дотичната пееше на мостот како жив штит, со трите подигнати прсти, додека се уништуваше српската историја, со жртви од сите националности и кога радикалите се колнеа во Косово, помисли ли, Латас, колку денес ќе ретерираат Вучиќ, односно радикалите.

Замисли, Јелена Карлеуша денес му е поддржувач…….Никола и Вучиќ, Цеца и љубовниците на Сашо и многу други сличности. Но, за тебе нема компарација, ти си сенка од Минимакс, ген на Гебелс, коса од Бакојани.И да, ќе заборавев, ти се бре Ибе Палиамбасада, со волчица во скут, со пропуштени повици од мечката, со вратоврска како таа на покојниот Минимакс и со лице кое додека ја слуша од Цеца „Иди док си млад”, удираш во маса и си велиш: „не може толку да урбанизираат колку што можам јас да испосељачам“. Но, за твое потсетување: „сељак“ не е селанец од село, кој чесно си го заработува лебот, затоа што потеклото не е професија… Ти не си ВМРО ДПМНЕ, таа партија има квалитетни поддржувачи, кои, те молам, ниту срами ги , ниту брани ги…

Оваа нација , не страда од мафијаши, туку од наконтени негоспода налик тебе. Дури и кај мафијата постојат правила на игра, а зборот е збор.
За крај , се согласувам за Карлеуша, но кога зборуваме за тестиси, таа ги имаше кога во Србија леташе глава за кажаното против гореспоменативе… Не е за релативизирање.

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска