МААЕ: Постои опасност ако нуклеарен материјал стигне во рацете на терористите

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукио Амано предупреди денеска на опасност доколку нуклеарен материјал стигне во рацете на терористите, повикувајќи ги земјите ширум светот да направат напори за да ја минимизираат оваа опасност.

Амано нагласи дека уште 11 земји треба да ги ратификуваат Амандманите на Конвенцијата за физичка заштита на нуклеарниот материјал, пред овој договор да стапи во сила.

Јапонскиот дипломат истакна дека примената на овој договор „ќе ја намали можноста терористите да можат да ја детонираат т.н валкана бомба, која може да рашири радиоактивност на поголемо подрачје. Покрај тоа, со договорот ќе се намали ризикот од напад на нуклеарката“.

Тој додаде дека во МААЕ од 1995 година се пријавени речиси 2.800 инциденти со исчезнување на радиоактивен материјал.

Би можело да ве интересира

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

МААЕ: Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради гранатирање

Ана Ололовска

МААЕ не открила непријавени нуклеарни активности во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“

Горан Наумовски

Путин со порака до Гроси од МААЕ: Москва е „отворена за дијалог“ за нуклеарната централа во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ја смета нуклеарната централа Запорожје за украинска постројка

Ана Ололовска