Погрешна терапија со катастрофален исход

Од:

Како ни тргна во нашево здравство просто да не поверуваш. Имаме нови вработувања, нови апарати, нови чаршави, терапија во изобилство, немаме смртни случаи а бе алал да му е на министерот Тодороф заслужува „Златна бубамара“ за врвни достигнувања во здравството, како голем хуманист и борец за правата на лекарите, пациентите и персоналот .

Ружи насекаде по дворовите на здравствените институции, дрвја, прозорци нови, врати, тоалети, инструментариум нов, санитетски материјал, персоналот задоволен, насмеан, материјално заситен дури и двои за да дава на јавните кујни а бе здравствен рај, слободните медицински зони, странци со авиони долетуваат, нов медицински аеродром за потребите на новите болници, медицински туризам врв, старечки домови не можам да се изнарадувам на сето ова.

Аман алармот се огласи и ме разбуди баш во тие прекрасни моменти, ах како бе можеше така? Па стварно не е фер таман се израдував во сонот бев пред вработување во врвна здравствена институција.

Реалноста драги мои е многу поразлична и поужасна, отвораш весник и што се нема да видиш, да прочиташ и да се згрозиш од тие реални факти.

Нови смртни случаи поради грешки и неопременост, болниците во ужасна состојба, ремонти итно неопходни, руинирани тоалети и инсталации, лек ни за лек, болниците во долгови и неисплатени побарувања према снабдувачите, медицинскиот отпад се чува во шишиња од кока кола, напуштени здравствени единици со скршени прозорци без греење, без ниту еден апарат за работа и што уште не. Е оваа е реалната слика за нашето здравство за кое толку популистички се лажеше и пумпаше за да се доиспере и онака испраниот мозок на нашиот народ, на нашите болни и да се прикаже лажната имагинација создадена од министерот Тодороф и неговата тајфа.

Стигнавме до тој степен да дури сакаат и да прогонуваат луѓе кои ја претставуваат Европската унија, а демек испраќаат на обука наши колеги во тие врвни европски здравствени институции, сакаме да бидеме дел од Европа, а владеачката екипа веќе одамна застрани од тој пат, да се запрашаме на кое место ни е здравството по европска градација? Франција е на прво место, а ние на последно, во светот Јапонија е на прво, а ние на 100 позиција, важно сме пред Виетнам,Монголија, Хондурас. И рак и Азербејџан. Што значи дека и досегашните приказни за реформите се само една голема лага.

Да споменеме нешто што намерно се потиска овие неколку години наназад. Аферата Визарис, што се случи? До каде е истрагата или има ли воопшто истрага? Тендери предвереме платени и преплатени на фирмите блиски на власта и создадени од нив и нивните пулени, зошто никој тоа не го дискутира? Бугарските вакцини, тужбата од група родители? Насочување на средствата за маркетинг на министерството за здравство?

Специјални возилата кои беа распишани на тендер па повторно поништени? Ништо што не му чинеше на овој министер не помина? Болницата во Охрид? Недостатокот на инсулини? Државниот клинички центар? Дали има предмет за дискусија и од тука да се почне да се отвора пандорината кутија за здравството и за раководната палка на сезнаечкиот џиуџицу министер Тодороф?

Се уште има безброј хумани повици за донации за пациенти кои треба да се оперираат или лекуваат, народот повторно донира, а ФЗО се фали дека имало одвоено големи средства за лекување во странство, каде се тие средства?

Мислам дека беспредметно само прашуваме или констатираме кога од другата страна нема никој, ниту па ни ехо на повиците. Се уште ќе имаме борба за остварувањата на нашите права и слободи за да можеме чесно да си ја работиме струката. Мислам дека крајот на овој невиден помор врз здравството е веќе видлив и промени ќе има. Дотогаш ќе мора да смогнеме сили и да издржиме ова понижување, нашата бројка на незадоволни и слободно умни лекари расте секојдневно и ќе го издржи и овој брутален и срамен период за македонската лекарска фела.

Ние секако на нашиот народ на нашите пациенти нема да им ординираме погрешна терапија, вие бидејќи не сте лекар дадовте погрешна терапија и на вашите лидери и на вашата тајфа ги прелажавте ги унакажавте и исходот катастрофален веќе одавна е видлив. Сведоштвата и последиците остануваат, а вам времето ќе ви суди, а можеби и соодветни институции.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска