Груевски: СДСМ фингира непостоечки случаи и бара алиби за поразот

Од:

Обвинувањата од страна на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ во Ресен фалсификува лични карти и државјанства во пресрет на локалните избори за премиерот Никола Груевски се барање алиби од страна на Бранко Црвенковски за поразот на изборите.

„Нема такво нешто. Мислам дека ако го анализираме минатото секогаш Бранко Црвенковски кога се наоѓаше пред пораз и кога беше свесен дека ќе ги изгуби наредните избори бараше алиби уште пред да се случи тоа. Некогаш му беше крив законот, сега му се криви Македонци од Пустец, утре ќе му биде крив некој друг од дијаспората или не знам кој, така што тоа е стилот на Црвенковски кога се соочува со пораз“, рече премиерот Никола Груевски.

Црвенковски, додаде премиерот Груевски, не сака да го признае поразот, и затоа или го префрла на партиските луѓе или на некој друг субјект, личности.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ