Променливо облачно со слаб ветер

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно. Во утринските часови локално се уште ќе има слаби врнежи од дожд, особено во западните делови на земјава, а преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, само во крајните југозападни делови на земјава повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и северен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во сабота ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен наместа повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Во недела и во понеделник ќе преовладува стабилно, суво и малку потопло време со мала до умерена локална облачност.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска