Бејкова: За медиумите не може да има компромиси

Од:

Ако не биде постигнат договор за медиумите, сосема е јасно дека во Македонија во догледно време нема да има услови за организирање слободни, фер и демократски избори, се вели во анализата на невладините Македонски центар за европско образование, Хелсиншки комитет за човекови права, НВО Инфоцентар, Фондација Отворено општество – Македонија, Транспарентност – Македонија, Фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права.

Доколку пак, во деновите што следуваат се постигне договор за медиумите, ќе биде потребно неколку месеци за неговата реализација и суштинско поместување во насока на ослободување на медиумите

– Досега преговорите за реформи во медиумите не се тргнати од мртва точка, а според последните информации нема приближување во ставовите на партиите. А во делот на медиумите не може да има компромис, туку само вистински поместувања. Или ќе има слободни медиуми или ќе нема, или ќе има фер известување или ќе нема. А промените не можат да се случат преку ноќ, вели Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.
Декларативното потпишување документи за етичко, професионално и непристрасно информирање, како потпишувањето на Повелбата за етичко известување, подготвена од Советот за етика во медиумите, не претставува никаква гаранција за тоа дека медиумите и новинарите навистина ќе ги почитуваат етичките стандарди во текот на своето информирање.

– Што се однесува на балансираното информирање, некои од амбасадорите беа склони да изјавуваат дека виделе некакви поместувања во изминатите неколку недели, но дека големото разочарување пристигнасло со интервјуто на лидерот на СДСМ во ТВ Сител, но според наше мислење и тие неколку интервју во изминатите недели, во Канал 5 и Сител, не значат ништо во делот на балансираното информирање, додава Бејкова.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on